Исидора Бјелица – Спас 1

Исидора Бјелица – Спас 1

Порано искрено не сум била нејзин фан ниту пак сум сакала да ја слушам на телевизија или пак да читам некое нејзино интервју, ниту пак нејзини книги , но со читање на нејзината книга СПАС 1 ми се смени мислењето за оваа жена …

Сега имам прочитано неколку книги од неа , ја гледам на емисии и уживам во нејзините зборови и совети … Ми стана омилена….spas-isidora_bjelica_v

Книгата СПАС не само што ја прочитав за еден ден и ми го смени мислењето за многу работи , ме натера и да ја купам и секогаш кога се чувствувам лошо ја отварам и читам по една страна две , понекогаш и пак одново ја читам….

Книгата СПАС 1 е напишана како што кажува писателката во нејзините најголеми болки и маки.. Пишува за  најголемата болест со која денеска се соочува целиот свет – ракот … со која и самата се има соочено….

Значи во оваа книга Исидора пишува за борбата со болеста , па со самата себе , со нејзините најблиски за на крај да свати дека всушност вистината односно клучот за оваа болест се наоѓа во нејзината душа …

СО оваа книга ке научите повеќе да се сакате и цените себе си , барем јас научив , не дека немав самодоверба или пак почит спрема самата себе  туку оваа книга ве тера да размислувате за вашиот живот… за тоа кој/а сте? Што сте ? Зошто постоите ? За што навистина треба да се нервирате или уживате во животот  … бидејќи постојано сме изложени на некои негативни работи ви животот… Животот не е лесен но сепак само најсилните преживуваат ..

Многу  корисни совети има на крајот на книгата што сите ние знаеме дека треба да ги правиме но сепак тоа се одложува за понатаму и понатаму и никогаш не ги оствариме или направиме… Книгата не учи да се сакаме самите себе … да одредиме кои се нашите цели … за што постоиме…  за што се нервираме …како да ги пребродиме проблемите …

Оваа книга треба секој дома да ја има како прирачник за среќен живот и да ја чита кога му е тешко не само да стои на полици…

Leave a comment