Куфер од Берлин – Јелена Бачиќ Алимпиќ

Уште едно маестрално дело од Јелена..

Не знам дали имате прочитано нешто од Јелена, но ако немате не губете време и изберете нешто од нејзината богата книжевност.. Топло ви ја препорачувам Рингишпил .. нејзината најпродавана книга… а потоа Куфер од Берлин…

Јас сакам да читам драма – книги.. Кој не сака – оваа книга не е за него..

Младата Вера е адвокат ,мајка , сопруга… млада амбициозна жена која успешно се справува со сите предмети и настани од животот но, еден ден доаѓа клиент кој и го замрсува целиот живот… И нуди предмет со голема сума на пари но мора да оди во Русија и да најде една девојка по име Валентина..Вера прифаќа и оди во Русија , а тамо започнува нејзината авантура што се испреплетува со нејзините корени…Случајно ја дознава вистината за нејзиното семејство но и за страдањето на русите за време на опсадата на Ленинград ..

Глад , жед, мирис на смрт , надеж за подобро утро..ги тера младите русинки да им се предадат на германските војници за парче леб , за вода , за картон или дрво да можат да го преживееат денот… Изгладнување на еден народ од болните умови на нацистите .. Тешки времиња и страдање на илјадници луѓе… Но прекрасна книга , напишана во разбирлив стил , се чита за неколку часа и се ужива во секоја страна….После оваа книга си го пиеш чајот и уживаш во секоја голтка , го гушкаш своето семејство , своите миленици и си среќен што ти е топло и си ги имаш твоите блиски луѓе до тебе ….

Leave a comment