Ако сте во потрага по добра книга !

Од сите теми највеќе сакам драми или историски книги , највеќе ми го задржуваат вниманието и највеќе такви книги купувам и позајмувам од библиотека.

Една од мои омилени книги е Белата Светлина На Париз .

Книгата е всушност во два дела:

  • Белата светлина на Париз13_31_8_12__12__12_2012париз

  • Сите соништа на светот

Книгава е за млада Русинка, Ксенија која ги губи родителите и со себе ги зема брат и сестра и и нејзината нана  и заедно со нив се преселува во Париз . Дејството на книгата се случува  во 1917 год .

Секогаш кога ми е тешко или кога мислам дека нешто не можам да направам ми текнува на оваа млада девојка која беше сурова, решителна , несфатлива. Жена која ги ставаше мажите на маки, им го одзема сонот, една од оние несфатливи жени кои  ја инспирираат страста , кои наведуваат на двобој или водат во  лудило.Жена која се бори за да успее во животот. Жена што не ја покажува својата слабост пред непријателот , ги голта солзите и продолжува да чекори напред бидејќи нема враќање назад , таму веќе еднаш беше. Сама успева да се избори во тоа суровото време и работи за да ги прехрани и заштити нејзините најмили.Ксенија се вработува како модел кај еден француски дизајнер кој е маѓепсан од нејзината единствена , впечатлива  убавина . На тој начин, таа го запознава талентираниот фотограф, привлечниот Германец, Макс фон Пасау , и со него почнува страствена романса , со што  нејзиниот живот повеќе никогаш нема да биде ист. Ксенија за прв пат се препушта на Макс и стои соголена пред  него .

Дали нивната љубов ке победи во тоа сурово време ? Дали љубовта е секогаш доволна иако условите се никакви .

Оваа ми е прва прочитана  книга од Тереза Ревај  и веднаш ми стана омилена.

Вториот дел е по завршување на втората светска војна .

Од урнатините на по793_52_17_16__27__12_2012ситевоен Берлин, до величествените облакодери на Менхетен, четворица младинци ќе се обидат да ја следат својата судбина.
Во 1945 година, Втората светска војна конечно е завршена.Сојузничките војски го ослободуваат Берлин,а Ксенија Фјодоровна Осолин се враќа во германската престолнина, решителна во намерата да го пронајде Макс Фон Пасау, човекот на нејзиниот живот.
Но познатиот фотограф е само сенка од некогашната личност што ја прогонуваат духовите на војната.Неколку години подоцна, меѓу урнатините на изгубениот свет, четворица млади луѓе поврзани со судбините на своите родители ќе тргнат во потрага по одамна скриената вистина-во средиштето на лагите и лудилото…