Куфер од Берлин – Јелена Бачиќ Алимпиќ

Уште едно маестрално дело од Јелена..

Не знам дали имате прочитано нешто од Јелена, но ако немате не губете време и изберете нешто од нејзината богата книжевност.. Топло ви ја препорачувам Рингишпил .. нејзината најпродавана книга… а потоа Куфер од Берлин…

Јас сакам да читам драма – книги.. Кој не сака – оваа книга не е за него..

Младата Вера е адвокат ,мајка , сопруга… млада амбициозна жена која успешно се справува со сите предмети и настани од животот но, еден ден доаѓа клиент кој и го замрсува целиот живот… И нуди предмет со голема сума на пари но мора да оди во Русија и да најде една девојка по име Валентина..Вера прифаќа и оди во Русија , а тамо започнува нејзината авантура што се испреплетува со нејзините корени…Случајно ја дознава вистината за нејзиното семејство но и за страдањето на русите за време на опсадата на Ленинград ..

Глад , жед, мирис на смрт , надеж за подобро утро..ги тера младите русинки да им се предадат на германските војници за парче леб , за вода , за картон или дрво да можат да го преживееат денот… Изгладнување на еден народ од болните умови на нацистите .. Тешки времиња и страдање на илјадници луѓе… Но прекрасна книга , напишана во разбирлив стил , се чита за неколку часа и се ужива во секоја страна….После оваа книга си го пиеш чајот и уживаш во секоја голтка , го гушкаш своето семејство , своите миленици и си среќен што ти е топло и си ги имаш твоите блиски луѓе до тебе ….

Сите цвеќиња во Париз – Сара Џио

Книгата ја добив на подарок…. Нешто имаше во неа што ме привлече да ја оставам другата книга што ја читав во моментот и да ја почнам… За неколку часа веќе беше прочитана… не може да се остави…

Книгата ве води во Париз за време на окупација од нацистите..

За младата Селин која живее со ќерка и и татко и … Но имаат еврејско потекло..Кога еден безмилосен германски офицер фрла око на Селин почнува да ја уценува за нејзиното еврејско потекло… На почетокот се безбедни но по некое време ситуацијата станува тешка и бараат начин да избегаат…За жал паѓаат во рацете на нацистите ..

Паралелно книгата ве води и во слободниот денешен Париз …

Младата Керолајн која се буди во болница не знае ништо за својот живот.Излегува од болница и оди во својот стан но гледа дека претходно живеела доста луксузен живот , но нешто е чудно.. нема некоја пријателка , пријател , маж во нејзиниот живот … почнува да го истражува Париз и случајно паѓа на шармот на Виктор.. шеф на ресторан кој се наоѓа во нејзина близина … но тој крие една голема тајна..

Книгава нема да ве остави рамнодушни .. тешко е човек некогаш да замисли колку животи има чепнато една војна … Колку болки , солзи и какви последици има оставено ….

За храброста на една мајка да си го заштити своете дете .. секојдневно ризикувајќи си го својот живот …

Замислете да живеете во луксузен стан со прекрасен мебел, поглед, на прекрасно место во Парис и случајно да најдете писмо од жена што била заробена во истиот стан пред многу години… Во истиот момент луксузот паѓа и ви се појавуваат слики од мрачните и болни денови на таа жена ……

Книгата може да ја најдете на следниот линк https://sakamknigi.mk/product/%D1%81%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%86%D0%B2%D0%B5%D1%9C%D0%B8%D1%9A%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%B7/

Исидора Бјелица – Спас 1

Исидора Бјелица – Спас 1

Порано искрено не сум била нејзин фан ниту пак сум сакала да ја слушам на телевизија или пак да читам некое нејзино интервју, ниту пак нејзини книги , но со читање на нејзината книга СПАС 1 ми се смени мислењето за оваа жена …

Сега имам прочитано неколку книги од неа , ја гледам на емисии и уживам во нејзините зборови и совети … Ми стана омилена….spas-isidora_bjelica_v

Книгата СПАС не само што ја прочитав за еден ден и ми го смени мислењето за многу работи , ме натера и да ја купам и секогаш кога се чувствувам лошо ја отварам и читам по една страна две , понекогаш и пак одново ја читам….

Книгата СПАС 1 е напишана како што кажува писателката во нејзините најголеми болки и маки.. Пишува за  најголемата болест со која денеска се соочува целиот свет – ракот … со која и самата се има соочено….

Значи во оваа книга Исидора пишува за борбата со болеста , па со самата себе , со нејзините најблиски за на крај да свати дека всушност вистината односно клучот за оваа болест се наоѓа во нејзината душа …

СО оваа книга ке научите повеќе да се сакате и цените себе си , барем јас научив , не дека немав самодоверба или пак почит спрема самата себе  туку оваа книга ве тера да размислувате за вашиот живот… за тоа кој/а сте? Што сте ? Зошто постоите ? За што навистина треба да се нервирате или уживате во животот  … бидејќи постојано сме изложени на некои негативни работи ви животот… Животот не е лесен но сепак само најсилните преживуваат ..

Многу  корисни совети има на крајот на книгата што сите ние знаеме дека треба да ги правиме но сепак тоа се одложува за понатаму и понатаму и никогаш не ги оствариме или направиме… Книгата не учи да се сакаме самите себе … да одредиме кои се нашите цели … за што постоиме…  за што се нервираме …како да ги пребродиме проблемите …

Оваа книга треба секој дома да ја има како прирачник за среќен живот и да ја чита кога му е тешко не само да стои на полици…

Јелена Бачиќ Алимпиќ

 

 

Не знам од каде да почнам …

 Од прекрасниоот стил на пишување , од тоа што  ни е соседка или пак од тоа колко сум изненадена од една водителка ( претходно немав прочитано што се има завршено Јелена ) да напише т453_44_0_16__5__9_2012рингишпилакви дела …

Прва книга – ” Рингишпил “…. Значи читаш и до тебе стојат влажни марамици и плачеш и читаш па потоа се смееш па си задоволна па си среќна па си мислиш леле па мене живото и не ми е толку лош.. Книга што вреди да се прочита . Се рабои за една балерина и нејзиниот живот… Од нејзиното раѓање па се до крајот на нејзиниот  живот… За болките , страдањето , првото заљубување ,прекрасната Русија , Бољшој театар.. жртвувањето на нејзината мајка разделбата со татко и .. до успех кој никој претходно го нема постигнато .. завидувањето од другите балерини па се до обожавањето од луѓето …  Најбитно од целата книга  е дека секогаш љуб161_44_19_16__24__8_2012вилмаовта најде начин да не надмудри … Не ви кажувам ништо повеќе оставам на вас.

Книгата е прогласена за најчитана книга од домашен автор во Србија .. цели 2 години никој не може да стигне до тоа место.

Втора книга – ” Писмо госпоѓе Вилме “... Книга за една жена која слепо се заљубува во човек кој  не е за неа.Целиот живот поминува во праќање на писма за кои судбината се погрижила да дојдат до  рацете на Артур  за да ја дознае вистината за неговото потекло . Тајната на оваа жена е разоткриена и тука започнува целиот заплет… Повторно и во оваа книга сваќаме колку сме изманипулирани кога сме заљубени ама зошто па да не … кој може без љубов ?

Во оваа книга исто така има уште една многу важна поука – Луѓето секогаш си ги превртуваат работите во своја корист …

Трета книга – ” Последна пролет во Парис” …..

796_56_34_9__2__6_2014последната пролет во паризПрва што ја имам прочитано од неа и можам да кажам доста квалитетна книга, можеби сите треба да си ја купиме за дома  .. Се работи  за една новинарка која доаѓа да прави интервју на една жена која се наоѓа во дом за стари лица… Новинарката не очекува дека оваа стара жена ќе и ги каже тајните од минатото , жртвувањето на жените низ војната , страдањето на децата и жените  …целиот разговор ке се сведе на една тајна која ќе им го смени животот и на двете …

 

 

 

И трилогијата ” Казна за гревот “... можам да кажам дека иако знаев до некаде како ке заврши и што се случува во книгата сепак уживав во неа . Прекрасниот стил на пишување те води низ целата книга и забораваш на време . книгата се чита многу брзо …

Се работи за љубовта помеѓу Емилија и Михајло.. која14207773_1787818661430611_2386260985198493171_o.jpg е забранета…

Дејството се случува на имотот на грофот Ерцег.. Ема и Михајло се заедно уште од деца но нивната љубов е забранета .. таман кога започнува нивната врска родителите на Михајло одлучуваат дека треба Михајло да го оженат за богата девојка со што е талентираната и разочарана  Ема   заминува да судира во Виена а Михајло останува на имотот.. Михајло иако е оженет постојано бара начин да дојде до Ема но таа не сака да ги отвори старите рани и се заштитува на секој начин ..

Под заштита на Франц ( професор од Виена) таа успеа да се школува па дури и еден ден да го заземе неговото место ..

Оваа е книга за една независно девојче кое на рани години ја запознава суровоста на животот и заминува  сама во далечна земја која од неа прави независна, образована  и успешна жена..

По неколку години се појавува писмо од Михајло на кое Ема размислува дали да одговори….

 

 

 

Франсеск Миралјес

Франсеск Миралјес

Франсеск Миралјес  е роден во 1968 година во Барселона. Музичар е и писател.  Откако завршува германистика , уредувал низа  книги со духовна и психолошка тематика. Пишува книги за млади , патописи и статии. Негови најзначајни дела се  Зимска книга, Хаику за Алисија ,Барселона блуз , Летен курс во Ирска , Најубавото место на светот е тука, Посакувам да си тука .

Во  Македонија сега за сега ги има само Најубавото место на светот е тука, Посакувам да си  тука , Љубовта со мали букви    Барселона блуз и  Ваби-Саби.

Сите книги на Франсеск се читаат за највеќе 2 дена ,нема да ви дозволат да ги оставите така на страна . Неговите книги имаат некоја моќ да те задржат да продолжиш да ги читаш колко и да ти се спие и да треба нешто друго да работиш.Одлични се за на одмор,  релаксација, полни со цитати и поуки .

Франсеск постојано во неговите книги пишува за тоа колку малку ни е потребно за да сме среќни , малите работи и ситници не исполнуваат но човекот секогаш е по амбициозен и се граба за повеќе а всушност среќата му е пред нос.

За мене најубава е Најубавото место на светот е тука , но сепак вреди да се прочитаат и другите.

najubavoto_mesto

Најубавото место на светот е тука

Ирис, триесетгодишна девојка скршена поради ненадејната смрт на родителите, едно стушено утро наидува на невообичаено кафуле со име Најубавото место на светот е тука. Не насетувајќи дека од тој момент ќе ѝ се променат животот и видувањето на светот, таа влегува во кафулето и во него го запознава Лука, таинствен Италијанец во кого што ќе се вљуби. Секој ден тие седат на шест различни волшебни маси.

Но седмиот ден Лука исчезнува, а заедно со него исчезнува и мистериозното кафуле. На местото каде што некогаш било Најубавото место на светот, Ирис ќе се обиде да влезе во трагата на загадочното минато на Лука. Но вистинското изненадување со кое ќе дојде пресвртот на оваа приказна, допрва следува…

Инспиративен роман за малите нешта што ни се потребни за среќа, а кои честопати не ги забележуваме. За секојдневната магија која може да ги разбуди заспаните емоции што порано не сме ги познавале. За моментите кои не смееме да ги пропуштиме, за што секој нареден може да биде поубав од претходниот, доколку му дадеме шанса.

Ова е книга што ни дава насоки како да го откриеме волшепството на сопствената душа.

Посакувам да си тука

posakuvam_da_si_tukaЖивотот на Даниел, успешен архитект, е исполнет со низа успеси пред да го прослави својот триесетти роденден, кога неговата свршеница ненадејно го напушта и кога темелите на неговиот совршен свет одеднаш се разнишуваат. Потонат во личниот бродолом, тој го слуша цедето што му го има подарено единствената пријателка што ќе ја задржи во текот на кариерата. Цедето е на пејачката Ева Винтер и насловната песна од албумот, „Посакувам да си тука“,чудно одекнува во него. На негово изненадување, песните како да ја раскажуваат неговата лична биографија. Во една од нив, „Цвеќе во магла“, главниот лик е млад архитект кој, откако ќе претрпи љубовна траума, ја напушта земјата во потрага по една мистериозна жена, која на крајот излегува дека е истата пејачка. Инспириран од тоа, Даниел донесува необична одлука: без да најави никому заминува во Париз, каде што живее и работи Ева Винтер, личноста со која се чини дека споделува многу заеднички работи. Додека го открива својот вистински идентитет – и патем љубовта на неговиот живот – на површината ќе исплива една огромна премолчувана тајна која ќе измени сè…

ЉУБОВ СО МАЛИ БУКВИ

1-kniga-ljubov-so-mali-bukvi-fransesk-miraljes-kafepauza.mk_Првиот ден од новата година. Самуел де Хуан, триесет и седумгодишен професор по германска книжевност, своеволен осаменик во постојан страв од ненадејна смрт, се буди уверен дека ни таа нова година нема да му донесе ништо ново. Меѓутоа, еден мал четириножен посетител влегува во неговиот самечки живот, со цврста намера и да остане во него. Доаѓањето на Мишима, младиот уличен мачор, е почеток на чудесните промени во херметичкиот свет што си го создал главниот јунак, првиот мал чекор кон љубовта во мало… Чекор по чекор, Самуел де Хуан го напушта својот тивок свет на книги, музика и филмови, своите вкоренети навики и домашната ергенска педантерија, и се преселува во свет со „густо населена, бучна осаменост“.

Благодарејќи на лукавиот мачор, ги запознава необичниот Валдемар, поранешен физичар што е преокупиран со тајните на Месечината и на човечката душа, стариот сосед Титус, компилатор на разни водичи низ животот и магијата, убавата и осамена ветеринарка и светот на случајностите што ќе го вратат триесет години назад, во замокот на „бакнежот на пеперугата“, и кај Габриела, осамената жена на неговиот живот.

Забавна и нежна приказна за љубовта и пријателството, што ќе го трогне читателот со малите тајни на среќата.

„Франсеск Миралјес е длабок, бистар и оригинален писател. Им го препорачуваме овој роман, лекција по љубов и човечност, на сите што веруваат дека можностите на човечкото духовно зреење и менување немаат граници. “

БАРСЕЛОНА БЛУЗ

barselonaФрансеск Миралјес е еден од авторите чии книги погодуваат вистински во срцевината на нештата – бидејќи најголемите приказни се раскажани со едноставни зборови.  Рикардо Боиш, поранешен музичар и уредувач на инспиративна литература, се обидува да го пронајде своето место под сонцето во Барселона на 21 век. Борејќи се со секојдневниот живот, наидува на еден куп препреки: работна блокада, бунтовна ќерка, реченици без смисла, непријателски настроено куче, неразбирливи и недофатливи жени, депресивни писатели, празен стан, каприциозна бивша жена, и врв на сè – еден куп прашања! Исто како и блузот и животот, и ова четиво е неповторливо разиграно, непостојано, подложно на импровизации, изненадувања и забава!

ВАБИ–САБИ

Доаѓаме од ништо и кон ништо се упатуваме. Во средината сме нешто. И тоа нешто го нарекуваме живот.

vabi_sabi_.pngСамуел е во осумгодишна врска со Габриела, но сè уште живее сам во својот стан, занимавајќи се со часовите по германски и повремено помагајќи му на Титус, соседот кој работи како уредник на книги за мотивација.

Едно јунско утро добива разгледница од Јапонија на која е прикажано маче со подигната шепа и со една таинствена порака: Ваби-саби. По неколку дена добива и втора разгледница со фотографија од еден храм.

Еден неочекуван настан го поттикнува на далечен пат кон оваа азиска земја. Таму тој ќе ја научи убавината на несовршеноста, таму ќе му се отвори неочекуваниот прозорец на љубовта…

Сите се од издавачки центар ТРИ.

 

 

 

 

Кој ќе плаче кога ќе те нема – Робин Шарма

Секој од нас има тешки денови . Секој си го живее животот на свој начин но сепак убаво е понекогаш да прифатиме совет од некого .

Оваа кkoj ke placeнига на Робин Шарм а е полна со совети и може да ви помогне да си ги смените вашите навики, книгата ке ве инспирира да направите нешто во животот и да го погледнете со други очи  да ги раширите размерите на вашите погледи кон светот .

Нека не ве буни насловот  “ Кој ќе плаче кога  ќе те нема ”,  книгата е напишана во стил да ги пребродите тешките денови , тешките моменти и за луѓе кои постојано се подложни на депресии и затворање во себе кога некој ќе  ги повреди  а не за тоа кој како ке реагира на вашата смрт .

Секој што  има тежок ден треба да ја има оваа книга до него , секоја реченица инспирира и ве прави похрабри.

Кратка содржина од неа :
  • Најголема  трагедија во животот не е смртта, туку она што  дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
  • Кога сте се родиле, вие сте плачеле ,додека преостанатион свет се радувал.Затоа, живејте го животот така што , кога ќе умрете , светот ќе плаче, а вие ќе се радувате.
  • Секој кој влегува во вашиот живот има некоја лекција што треба да ја предаде и приказна што треба да  ја раскаже.
  • Квалитетот на вашиот живот произлегува од квалитетот на вашите избори и одлуки .
  • Кога ќе му ветите некому дека ќе направите нешто , направете го . Бидете човек од збор, а не некој што “само зборува а не дејствува” .
  • Запомнете среќните луѓе честопати доживеале повеќе несреќни моменти отколку несреќните . Она што ги издвојува е тоа дека тие многу подобро знаат да се справат со своите спомени, на начин  на кој ги збогаттуваат своите животи.

 

 

Ако сте љубители на драми , романси или пак историски книги со сочни детали и убаво објаснети сцени и личнсти од срце ви ја препорачувам  “Славејот  “ од Кристин Хана .

Дејството се случува за време на втората светска војна.Страдањето на жените ,  мажите и децата . Големата  суровост на Хитлер, одвојување на децата  од нивните мајки , борбата за парче леб и  трошка милост .Маките на евреите  прикажани низ зборовите на Кристин.

Книга за две разлини сестри Изабел и  Вијан. Изабел е храбра,  сака да се бори против строгиот  режим да ја ослободи Франција  од окупацијата.Вијан е приморана да молчи бидејќи  во нејзината куќа се вселува германски непријател . Војната ги разделува двете сестри бидејќи немаат исто мислење. Изабел се сели кај татко и а Вијан останува сама во својата куќа со непријателот …

После оваа книга ќе научите повеќе да си ги сакате најблиските , да одвојувате време за себе и да не брзате бидејќи животот е еден .

199_50_49_7__4__2_2016Nightingale 2-774x735

Предлог книга !

Нова 6та  книга на Игор Џамбазов-  Умрен човек .

Книга за сите љубители на Игор Џамбазов и неговото творештво.

Книгава многу ми се допадна , едноставно го обожавам Игор, неговите лудории , предизвици, маките и болката низ се што поминал.Оваа книга на Игор е всушност еден прозор од неговото срце  да ѕирнеме малку во неговите стравови, среќата и болката за се што преживеал.

Книгава ке ве насмее , растажи , расположи и секако Игор секогаш ни остава скриена поука во неговите книги – Да научиме да се радуваме на ситници , на животот и да се засакаме себе си .

Кога ќе стигнете до последната страна ќе сакате уште толку да има за читање.

Добра книга со која се губи осет за времето .

Искрено ви ја препорачувам.

“Пријател се станува со години, а пријател се губи за една минута.”

13059571_1099681436757315_911347383_n

 

 

Буковски!

 

  •   Човекот се раѓа како гениј, а умира како идиот.“
  • „Јас не ги мразам луѓето. Само се чувствувам подобро кога не се во моја близина.“
  • „Мојата амбиција е хендикепирана од страна на мрзеливоста.“
  • „Ништо не е толку досадно колку вистината.“carls-bukovski
  • „Разликата помеѓу уметноста и животот е тоа што уметноста е поднослива.“
  • „Секако дека можеш да сакаш човечко суштество, но под услов да не го познаваш доволно добро.“
  • „Целиот свет се темели на страв.“
  • „Лошиот вкус создава многу повеќе милионери, отколку добриот вкус.“
    • Еве кога сфаќаш дека си остарел – кога седиш и се прашуваш каде отиде сè.
      • Убавите мисли и убавите жени никогаш не се задржуваат.
        • Почетокот на една врска секогаш е најлесна. Потоа почнуваат откритијата – и никогаш не завршуваат.