Франсеск Миралјес
Франсеск Миралјес е роден во 1968 година во Барселона. Музичар е и писател. Откако завршува германистика , уредувал низа книги со духовна и психолошка тематика. Пишува книги за млади , патописи и статии. Негови најзначајни дела се Зимска книга, Хаику за Алисија ,Барселона блуз , Летен курс во Ирска , Најубавото место на светот е тука, Посакувам да си тука .
Во Македонија сега за сега ги има само Најубавото место на светот е тука, Посакувам да си тука , Љубовта со мали букви Барселона блуз и Ваби-Саби.
Сите книги на Франсеск се читаат за највеќе 2 дена ,нема да ви дозволат да ги оставите така на страна . Неговите книги имаат некоја моќ да те задржат да продолжиш да ги читаш колко и да ти се спие и да треба нешто друго да работиш.Одлични се за на одмор, релаксација, полни со цитати и поуки .
Франсеск постојано во неговите книги пишува за тоа колку малку ни е потребно за да сме среќни , малите работи и ситници не исполнуваат но човекот секогаш е по амбициозен и се граба за повеќе а всушност среќата му е пред нос.
За мене најубава е Најубавото место на светот е тука , но сепак вреди да се прочитаат и другите.
Најубавото место на светот е тука
Ирис, триесетгодишна девојка скршена поради ненадејната смрт на родителите, едно стушено утро наидува на невообичаено кафуле со име Најубавото место на светот е тука. Не насетувајќи дека од тој момент ќе ѝ се променат животот и видувањето на светот, таа влегува во кафулето и во него го запознава Лука, таинствен Италијанец во кого што ќе се вљуби. Секој ден тие седат на шест различни волшебни маси.
Но седмиот ден Лука исчезнува, а заедно со него исчезнува и мистериозното кафуле. На местото каде што некогаш било Најубавото место на светот, Ирис ќе се обиде да влезе во трагата на загадочното минато на Лука. Но вистинското изненадување со кое ќе дојде пресвртот на оваа приказна, допрва следува…
Инспиративен роман за малите нешта што ни се потребни за среќа, а кои честопати не ги забележуваме. За секојдневната магија која може да ги разбуди заспаните емоции што порано не сме ги познавале. За моментите кои не смееме да ги пропуштиме, за што секој нареден може да биде поубав од претходниот, доколку му дадеме шанса.
Ова е книга што ни дава насоки како да го откриеме волшепството на сопствената душа.
Посакувам да си тука
Животот на Даниел, успешен архитект, е исполнет со низа успеси пред да го прослави својот триесетти роденден, кога неговата свршеница ненадејно го напушта и кога темелите на неговиот совршен свет одеднаш се разнишуваат. Потонат во личниот бродолом, тој го слуша цедето што му го има подарено единствената пријателка што ќе ја задржи во текот на кариерата. Цедето е на пејачката Ева Винтер и насловната песна од албумот, „Посакувам да си тука“,чудно одекнува во него. На негово изненадување, песните како да ја раскажуваат неговата лична биографија. Во една од нив, „Цвеќе во магла“, главниот лик е млад архитект кој, откако ќе претрпи љубовна траума, ја напушта земјата во потрага по една мистериозна жена, која на крајот излегува дека е истата пејачка. Инспириран од тоа, Даниел донесува необична одлука: без да најави никому заминува во Париз, каде што живее и работи Ева Винтер, личноста со која се чини дека споделува многу заеднички работи. Додека го открива својот вистински идентитет – и патем љубовта на неговиот живот – на површината ќе исплива една огромна премолчувана тајна која ќе измени сè…
ЉУБОВ СО МАЛИ БУКВИ
Првиот ден од новата година. Самуел де Хуан, триесет и седумгодишен професор по германска книжевност, своеволен осаменик во постојан страв од ненадејна смрт, се буди уверен дека ни таа нова година нема да му донесе ништо ново. Меѓутоа, еден мал четириножен посетител влегува во неговиот самечки живот, со цврста намера и да остане во него. Доаѓањето на Мишима, младиот уличен мачор, е почеток на чудесните промени во херметичкиот свет што си го создал главниот јунак, првиот мал чекор кон љубовта во мало… Чекор по чекор, Самуел де Хуан го напушта својот тивок свет на книги, музика и филмови, своите вкоренети навики и домашната ергенска педантерија, и се преселува во свет со „густо населена, бучна осаменост“.
Благодарејќи на лукавиот мачор, ги запознава необичниот Валдемар, поранешен физичар што е преокупиран со тајните на Месечината и на човечката душа, стариот сосед Титус, компилатор на разни водичи низ животот и магијата, убавата и осамена ветеринарка и светот на случајностите што ќе го вратат триесет години назад, во замокот на „бакнежот на пеперугата“, и кај Габриела, осамената жена на неговиот живот.
Забавна и нежна приказна за љубовта и пријателството, што ќе го трогне читателот со малите тајни на среќата.
„Франсеск Миралјес е длабок, бистар и оригинален писател. Им го препорачуваме овој роман, лекција по љубов и човечност, на сите што веруваат дека можностите на човечкото духовно зреење и менување немаат граници. “
БАРСЕЛОНА БЛУЗ
Франсеск Миралјес е еден од авторите чии книги погодуваат вистински во срцевината на нештата – бидејќи најголемите приказни се раскажани со едноставни зборови. Рикардо Боиш, поранешен музичар и уредувач на инспиративна литература, се обидува да го пронајде своето место под сонцето во Барселона на 21 век. Борејќи се со секојдневниот живот, наидува на еден куп препреки: работна блокада, бунтовна ќерка, реченици без смисла, непријателски настроено куче, неразбирливи и недофатливи жени, депресивни писатели, празен стан, каприциозна бивша жена, и врв на сè – еден куп прашања! Исто како и блузот и животот, и ова четиво е неповторливо разиграно, непостојано, подложно на импровизации, изненадувања и забава!
ВАБИ–САБИ
Доаѓаме од ништо и кон ништо се упатуваме. Во средината сме нешто. И тоа нешто го нарекуваме живот.
Самуел е во осумгодишна врска со Габриела, но сè уште живее сам во својот стан, занимавајќи се со часовите по германски и повремено помагајќи му на Титус, соседот кој работи како уредник на книги за мотивација.
Едно јунско утро добива разгледница од Јапонија на која е прикажано маче со подигната шепа и со една таинствена порака: Ваби-саби. По неколку дена добива и втора разгледница со фотографија од еден храм.
Еден неочекуван настан го поттикнува на далечен пат кон оваа азиска земја. Таму тој ќе ја научи убавината на несовршеноста, таму ќе му се отвори неочекуваниот прозорец на љубовта…
Сите се од издавачки центар ТРИ.